Дожд и снег, температура до 10 степени

Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Во ноќните часови снежни врнежи ќе има и на повисоките места.
По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, а во западните делови повремено ќе засилува.


Утринската температура ќе се движи од 0 до 6 степени, а дневната од 5 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Утринската температура ќе достигне до три, а дневната до 10 степени.
Во четврток претпладне се уште ќе има повремени врнежи кои на повисоки места ќе преминат во снег. Потоа следува период на потопло и стабилно време.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.