Доживеа пекол еден месец откако се венчаше- хаос во хотелската соба

Пејачката Александра Пријовиќ само два дена откако пристигна во Будва заедно со својот сопруг Филип Живојиновиќ доживеа голем стрес.
Како што наведуваат српските медиуми пејачката утрото после настапот во една дискотека во нејзиниот апартман упаднале двајца пијани Руси. Се се случило околу 10 часот наутро кога Русите се вратиле од забава, а според изворот кој бил присутен на лице место, тие биле толку многу пијани што едвај стоеле на нозе.


-Тоа што го знам е дека Александра спиеше кога тие влегле во нејзината соба, а во истиот момент Филип излегол од апартманот за да порача јадење. Тие започнале да дивеат, а Пријовиќ скокнала и започнала да вика.

Веднаш се јави на рецепција и не знаела каде е Фили, а откако обезбедувањето пристигнало за некоја минута и ги исфрлиле истите надвор, вели изворот за српските медиуми.
Изворот вели дека Филип не можел да ја смири пејачката, а парот го напуштиле хотелот откако Русите биле исфрлени од него.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.