Доживотен паричен надомест: Српската Влада со признание за наставничката која го преживеа масакрот на Кецмановиќ

Наставничката која едвај го преживеа масакрот на момчето Коста Кецмановиќ лани во мај во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград,  ќе добива доживотен паричен надомест. 

Владата на Република Србија на денешната седница ја донесе Одлуката за посебно јавно признание за наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ од Белград, Татјана Стевановиќ. Поради поддршка и почит за нејзината лична храброст кога таа беше повредена го добива ова специјално јавно признание. Иницијативата ја покрена група наставници и ученици од ОУ „Владислав Рибникар“, за што беа собрани повеќе од 13.000 потписи. Ова е единствен случај на доделување на јавното признание во форма на доживотен месечен паричен приход.

Таа ќе добие паричен надоместок, како додаток на нејзините месечни примања, кои би биле постојани, до крајот на животот, кои не се преносливи, но се редовни и би се исплаќале секој месец и во согласност со растот на трошоците. Идејата ја поддржа и Здружението на Самостојни синдикати на Белград. Детето кое имаше 13 години уби 9 лица во училиштето, соученици и лице од обезбедувањето. Потоа се случи и масакр во Младеновац, каде беа убиени повеќе лица. 

Пронајдете не на следниве мрежи: