Дозволено носење марихуана на аеродромот во Лос Анџелес

Аеродромот во Лос Анџелес дозволи патниците да носат помали количества марихуана – до 28,5 грама или осум грама концентрат.
Полициската служба на аеродромот веќе нема да ја одзема марихуаната доколку таа биде откриена кај патниците, откако во јануари сојузната држава Калифорнија дозволи легална употреба на марихуана.

Но, САД имаат и сојузни закони со кои се забранува користењето на оваа дрога, поради што се уште е нејасно дали и како тие ќе се имплементираат откако патникот ќе полета со дрогата или ако слета во друга сојузна држава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.