Таа на душегот на кој нејзиниот сопруг спиел со друга жена му оставила порака со црвен спреј.
Очајната жена која дознала дека сопругот ја изневерувал во нивната спална соба на брутален начин одлучила да му се одмазди.
Таа на душегот на кој што нејзиниот сопруг спиел со друга жена му оставила порака на која пишувало дека ги сменила сите брави од домот и му порачала да го однесе креветот во куќата на својата љубовница.
„Се разведувам од тебе. Им кажав на децата што си направил во нашиот кревет и тие повеќе не го сакаат својот татко“ – пишувало на душегот.
Фотографијата од душегот кој бил потпрен на оградата во дворот објавена била на „Редит“, но многумина ѝ замериле на последната реченица на изневерената жена.
„Посрамотување на партнерот поради изневерување според мене е добро, но твоите деца заслужуваат да останат во добри односи со својот татко, а не да го мразат поради нешто што немало врска со нив“ – е само еден од многубројните коментари.
„Децата заслужуваат да знаат зошто семејството им се распаднало“ – коментирала некоја личност.