Дознајте ги најчестите женски лаги!

Драги мажи, често жените кажуваат едно, а мислат нешто сосема друго. Обрнете внимание на речениците кои девојките често ги кажуваат, а мажите ги земаат здраво за готово.
Не ми е гајле за бившиот
Дури и навистина да го преболела, сепак ќе ја интересира да слушне што прави, каде е и како му оди во животот.
Сѐ е во ред
Ништо не е во ред, но очекува од вас да ѝ ги прочитате мислите и да ја поправите глупоста што сте ја направиле.


Нема да се лутам
Колку пати сте паднале во оваа замка? Некогаш повеќе ќе ви се налутат што не сте им кажале веднаш, туку морале со клешта да ви ги вадат зборовите од уста.
Не сум љубоморна
Дали има потреба навистина да ја објаснуваме оваа изјава? Па дури ни вие не верувате во неа.
Во ред е, ни јас не сум подготвена за врска
Ова значи дека премногу ѝ се допаѓате и дека се плаши дека ќе излезе очајна што веќе ве замислила како пар во иднина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.