Дознајте дали вашиот партнер е незадоволен во кревет

Дали сакате да дознаете дали вашиот партнер е незадоволен во кревет? Еве еден мајсторски текст за вас.

Дознајте дали вашиот партнер е незадоволен во кревет!

Никогаш не било тајна дека мажите го обожуваат сексот, но долго време се веруваше дека тие не се пребирливи во креветот, сè додека ја добиваат омилената активност редовно. Сепак, тоа не е така едноставно, со оглед на тоа што постои голем број на мажи кои се многу незадоволни од сексуалниот живот со својата партнерка. Еве како тоа суптилно го покажуваат. Проверете дали можеби и вашиот партнер е незадоволен.

Деконцентриран е

Секому му се случува да биде обземен со мисли, но мажот кој ужива во сексот со вас нема да биде во состојба да размислува за било што друго. Доколку тој има време да се грижи за работата или за обврските, она што му се случува во креветот едноставно не успева да му го придобие вниманието.

Не ве гледа во очи

Се разбира дека тој нема да ве гледа во очи цело време, но мажите кои не се задоволни со сексот најчесто избегнуваат контакт со очите за време на целиот однос. Така им е полесно да глумат дека сè е во ред.

Инсистира на пози кои вие не ги сакате

Мажот на кој му значи задоволството во креветот, како своето, така и на жената со која е, постојано се труди нејзиното искуство да биде незаборавно. Но, оној кој е незадоволен ќе престане да се грижи за партнерката и ќе почне да се фокусира единствено на себе.

Сака да го изгледа филмот до крај

Колку и да е добар филмот кој сте го пуштиле, повеќето мажи на самото спомнување на поимот секс едноставно им доаѓа да го земат далечинскиот управувач за да го стопираат филмот и да „пуштат“ акција во живо. Но, доколку вашиот партнер на вашата иницијатива ја занемарува, или одложува, преферирајќи да го изгледаа целиот филм, веројатно нема преголема желба за секс со вас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.