Иако хотелската понуда во однос на козметиката во изминатите години се прошири, една работа и понатаму нема да ја најдете во хотелските бањи.
Пастата за заби останува главна мистерија, а новинарот Даниел Енгбер истражувал зошто таа не може да се најде во хотелската понудена козметика.
Станува збор за необична комбинација – гостите во хотелот не ја бараат доволно често па сопствениците со цел да заштедат што е можно повеќе, не сакаат да прошат на паста. Во хотелските регулативи пастата се третира поинаку од сапунот и останатите козметички потреби, па и нејзината набавка е доста поскапа.
Некои хотелиери истакнуваат дека не постојат скапи и луксузни брендови на пасти за заби, па така гостите по ова прашање нема да што да се восхитуваат.
-Во скапите хотелски соби нема пасти за заби бидејќи тие не се доволно скапи. Во евтините соби нема бидејќи е прескапа, пишува порталот Браво кој исто така се занимавал со оваа проблематика.
„Никој не знае зошто, на никого не му е гајле“
Освен тоа, пастата за заби не е клучна во категоризацијата на хотелите или апартманите. Додека за хотел со пет ѕвезди се наоѓа правилото за „два сапуни, шампон, фен за кос, прибор за шиење и капи за туширање“, пастата за заби влегува во категоријата на сугестии.
-Хотелите би можеле да ни осигураат паста за заби, но тоа не го прават. Никој не знае зошто, на никого не му е гајле. Работите се такви отсекогаш и очигледно такви и ќе останат. Не добиваме паста бидејќи не ја бараме, а не ја бараме бидејќи не знаеме дали смееме, заклучува Енгбер во своето истражување.