Дознајте кога е вистинското време за вашето утринско кафе

И покрај фактот дека голем број на луѓе го пијат првото кафе веднаш по станувањето од кревет, научниците тврдат дека има многу подобро време за тоа.
Утринското кафе е задолжителен ритуал за многу луѓе, но новите истражувања покажуваат дека не треба да конзумирате кофеински пијалок пред 10 часот наутро.


Раните утрински часови се погрешно време за слаткото задоволство на жешката чаша кафе.
Научниците од научниот канал ASAP Science докажаа дека пиењето на кафе пред 10 часот наутро нема никакво влијание врз нашето тело. Ова се должи на хормонот кортизол, кој се одвојува како одговор на стресот три пати на ден, од кои едниот во раните утрински часови.
Кофеинот го спречува неговото природно производство и телото почнува да произведува помалку хормони, мислејќи дека кофеинот ќе ја додаде разликата.
Нивото на хормонот опаѓа кон 10 часот и тогаш е времето кога треба да ја испиете првата чаша кафе во денот. Ако одлучите да испиете едно попладневно кафе, најсоодветно време за тоа е помеѓу 14 и 17 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.