Американската компанија AccuWeather објави сезонска прогноза за оваа есен за Европа. Според прогнозата, Американците предвидуваат невреме на Балканот, и силни дождови и можни поплави и свлечишта во Италија. Како што ќе се приближува есента, ризикот од грмежи ќе се намали, но опасноста од обилни врнежи ќе продолжи. Невреме се очекува во октомври и ноември, а температурите ќе останат близу или малку пониски од вообичаените за овој период од годината.
Потенцијалното навлегување на ладен воздух од исток и север кон крајот на есента ќе донесе засилен снег од Унгарија и Романија до БиХ и Србија.
“Често нестабилното време ќе има негативно влијание врз земјоделството и надворешните активности во овој регион“, изјави метеорологот Тајлер Ројс.
За разлика од поголемиот дел од Европа, каде може да се очекуваат температури над нормалата, можна е поостра транзиција на постудено време во источна Европа.
Есента може да започне со благи температури, но ладните воздушни струи се предвидува да бидат почести во октомври и ноември. Најмногу врнежи се очекуваат во Украина. Снежни врнежи низ Источна Европа се можни во ноември, а невреме се очекува и во Британија, Франција, Холандија и Данска.
Во Португалија и Шпанија, пак ќе се соочат со неподнослива топлина, што ќе донесе ризици од пожари. Во текот на септември времето ќе биде топло и суво време, особено на југот на Франција. Ненадејни промени што се очекуваат во месец октомври поради невремето што доаѓаат од Атлантикот. Областа од Франција до Полска ќе има блага есен без обилни врнежи од дожд. Поголемиот дел од септември температурата во Париз, Берлин и Варшава ќе биде околу 20 степени, а промени се очекуваат кон крајот на ноември.