ДОКАЗ: Лила Филиповска планира да бега? Работава е измешана многу

НА ЛИЛА И Е ЗБОКТИСАНО, ДОБРО ИНФОРМИРАНИ КРУГОВИ БРИФИРААТ ДЕКА ПЛАНИРА ДА БЕГА ОТИ СЕ ПЛАШИ ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАТВОРАТ.
ОПАШКАТА НА ЛИСИЦАВА НЕ Е ЧИСТА…
Познато е од каде дошле 250.000 евра на сметката на Лила Филиповска, се јави сопственичката на градежната фирма Ена Норнилд, косопственичка на градежната фирма „Дан-Мак“ тврди дека и ги исплатила фамозните 250.000 евра на сметката на водителката Лила Филиповска, која претходно беше сведок во судењето за случајот „Рекет“, во кој обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева.
Таа вели дека била измамена за наводното учество во ЕУ проекти за изградба на домови за стари лица, а посредник била водителката Лила Филиповска, по што пред две години поднела кривична пријава против неа и Јовановски.
Вчера била првпат повикана во Финансиската полиција, а пред 3-4 месеци и во Обвинителството.
Повеќе за ЛИЛА ФИЛИПОВСКА ТУКА
„Побарав средба со Боки. Отидовме во неговата куќа во Орман. Кога влегов внатре, сѐ беше под знакот на ЕУ – знамиња, папки, беџеви, пенкалца… Тој ми рече дека проектот веќе е добиен, но е заштитен, а деталите ќе може да се видат откако ќе се плати учеството. Со мојот адвокат спремив договор, со извршни клаузули за двете страни ако некој не ги испочитува условите од договорот“, раскажува Норнилд.
Исплатата се случила на 21 јуни 2017 година, а парите веднаш биле повлечени и претворени во кеш. Норнилд вели дека нејзината пријава стои заклучена во фиока во Обвинителството. Се обратила и до извршител за да си ги врати парите од Стојановска, но целиот имот и бил под хипотека.
Филиповска: Парите се вратени, неправедно се валка моето име!
Водителката Лила Филиповска демантира дека учествувала во измама на градежната фирма „Дан-Мак“, од каде што обвинуваат дека им биле земени 250.000 евра за наводно учество во ЕУ проекти за изградба на домови на стари лица.
Порталот МКД.мк објави изјави од наводно измамената Ена Норнилд, косопственичка на градежната компанија, која посочува дека пред две години поднела кривична пријава против Бојан Јовановски и Филиповска, а која според неа, била заборавена во некоја обвинителска фиока.
Лила Филиповска за „Фокус“ појаснува дека изминатиот период се води хајка против неа, со што и е нанесена огромна штета, поради валкање на нејзиното име и чест.
-Ноторна лага е тоа што го кажува госпоѓата, чие име и не сакам да го изговорам. Оваа хајка против мене трае веќе подолг период, со објавување на неточни и половични информации. Вистината е дека парите се вратени, за што доказ се и уплатниците кои ви ги доставивме. Во моментот се води граѓанска постапка, која е при крај, а која не треба да биде во интерес на јавноста, но очигледно е дека намерата е да се згази по мојата чест и углед, вели Филиповска.
Таа додава дека е злоупотребено нејзиното име, без притоа никој да ја праша за нејзината страна од приказната.
-Ова е крајно непрофесионален и некоректен однос од новинарите, кои не побараа моја изјава. Дотичната пак продолжува да ги злоупотребува медиумите и социјалните мрежи, наместо да остави судот да покаже кој е во право. Затоа моите адвокати ќе поднесат соодветни поднесоци за лажните искази, како и за нарушувањето на мојата чест и углед, вели Филиповска.
И нејзиниот адвокат, Валентин Пепељугоски, вели дека парите се целосно вратени.
-Од компанијата „Дан-Мак“ даваат лажна изјава дека не им се вратени парите, што не е точно, за што постои и материјален доказ. Зборуваат и за некаква изгубена добивка, што исто така е неосновано, бидејќи таа следувала само ако се реализира договорот. Инаку, поднесовме три кривични пријави за компанијата, нотарот и извршителот, а водиме и граѓанска парница за времена мерка за извршување, бидејќи од сметката на Филиповска веќе е одземен одреден износ, ни изјави адвокатот Пепељуговски.
Побаран е одговор и од обвинителството, од каде што демантираат дека предметот се чувал во фиока.
-Кривичната пријава најпрвин била отфрлена, а по жалба до Вишото обвинителство, биле дадени насоки да се извршат дополнителни проверки. Утврдено е дека парите се вратени, за што се доставени и уплатници, велат од Обвинителството.
Повеќе за ЛИЛА ФИЛИПОВСКА ТУКА
Извор: ДОКАЗ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.