Доколку делегатите се невалидни и Конгресот е со истечен мандат, тогаш и Мицкоски е нелегитимен претседател

Христијан Мицкоски не гледа дека партијата губи на пет изборни циклуци по ред и постојано тоне со рејтингот откако тој е на челната позиција. Само за четири години, ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски загуби околу 150 000 гласови на парламентарните избори, реагираат долгогодишни и истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да излезе пред делегатите кои го избрале и да се соочи со нивниот суд, Мицкоски во страв и параноја дека ја загубил поддршката на сите 367 сопартијци кои го гласале во Валандово, одлучува да им се заканува преку медиуми.

Последниот изблик на страв на Мицкоски беше преточен во брифинг дека сите што го избрале ќе биле кривично пријавени ако одлучат од него да побараат одговорност, пишуваат медиумите.

За да биде ситуацијата уште поапсурдна и попараноична, бриферот на Мицкоски останал анонимен за да не се знае кој ги пренесува неговите стравови.

„Кривично дело „лажно претставување“ ќе им се товари на иницијаторите на вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кои на 28 март ќе се претстават како делегати и ќе гласаат за смена на актуелниот лидер Христијан Мицкоски, тврдат високи извори од партијата, посочувајќи дека мандатот на делегатите е истечен уште во мај 2019 година.“ гласи анонимната закана од ВМРО-ДПМНЕ.
Врвот на апсурдот е што во ист текст со заканата се вели дека иницијативата за одржување вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ целосно издишала во неделата кога македонската јавност дознала за бегството на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, па зачудува фактот зошто воопшто има закани доколку „иницијативата издишала“.

Доколку делегатите се невалидни и Конгресот е со истечен мандат, тогаш и Мицкоски е нелегитимен претседател

„За разлика од Плусинфо, Медиа.мк се интересираше за аргументите на Инцијативата за свикување вонреден конгрес, а консултиравме и актуелни и поранешни членови на партиската правна комисија“, пишуваат од Медиа.мк.

Од таму велат дека брифинзите на Мицкоски се срамни. „Мицкоски е скаран со правото, како што поддршката на граѓаните е скарана со него“ велат од иницијативата. Да беа правно издржани ваквите ставови, веројатно немаше да се крие зад анонимност, коментираат од иницијативата .

„Конгресот е највисоко партиско тело. Конгресот го бира и му дава легитимитет на претседателот. Благодарение на потписите на делегатите кои го гласале претседателот, тој се регистрира во Централен регистар како претседател. Доколку на делегатите и на Конгресот им е истечен мандатот, тоа значи дека и на претседателот Мицкоски му е истечен мандатот“ велат членови на ВМРО-ДПМНЕ кои биле дел од партиската правна комисија.

Иницијативата е категорична дека мандатот на делегатите почнува да тече од тогаш кога им е последен пат верификуван, а тоа е на валандовскиот конгрес, кога бил избран и Мицкоски.

Се до закажувањето на нов редовен конгрес, делегатите остануваат делегати и по стариот и по новиот статус.

„Ќе биде интересно ако Мицкоски одлучи да бара помош од кацарска-судството и русковска-обвинителството и се обиде со нив да тргне во прогон на луѓето кои го бирале. Со тоа ќе се прогласи за нелегитимен и ќе повлече тужби од сите поединечно дека без потписи на валидни делегати се претставува како претседател на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од Иницијативниот одбор.
Од Иницијативниот одбор тврдат дека поддршката за свикување на вонреден конгрес секојдневно се зголемува бидејќи членовите се сведоци на зачестените конфузни настапи на Мицкоски.
„Нашата цел е да се обезбеди еден глас повеќе за избор на претседател на ВМРО-ДПМНЕ од гласовите со кои што беше избран Мицкоски, а тоа станува реалност како што наближува 28 март“ најавуваат од Иницијативниот одбор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.