Доколку не можете да се одлучите да летувате во Грција или Турција тогаш овој остров е вистинското место за вас

Овој грчки остров е само еден и пол километар оддалечен од Турција. Тој ги спојува морето и планината, ги спојува Грција и Турција…
Доколку не можете да се одлучите дали сакате да летувате во Турција или Грција тогаш можеби е најдобро да го посетите Самос – грчки остров кој од Турција е оддалечен само со еден канал, поточно нешто повеќе од 1.000 метри па така еден ден може да се капите на Самос, а другиот ден во Кушадаси.


Грците сакаат да кажат дека Самос е еден од ретките острови кој себеси не си дозволил да се “разгали“, а и по својот изглед не личи на останатите – полн е со врвови и таму е највиоката точка на планината Керкетефс со 1.433 метри. Со самото тоа и Самос е еден од ретките острови кој е поволен за развој на полјоделство.
Песочните плажи се она што го прават совршен за годишен одмор, особено доколку таму одите фамилијарно со вашите деца, а од десетина популарни плажи сигурно е дека ќе најдете некоја која вас најмногу ќе ви одговара.
Самос е познат и по бурната историја, а токму на овој остров е роден популарниот математичар Питагора и филозофот Епикур. Островот бил и главен трговски центар за време на античка Грција.
Освен тоа, острово е доволно голем што нема да има потреба секогаш да летувате во истото летувалиште. Помалите места како Потокакија или градовите како Питагорие се идеално место каде што може да се сместите.


Што се однесува до цените, островот Самос спаѓа во еден од “поевтините“.
Интересно е тоа што Егејското море во овој дел е многу непредвидливо, па така постојат плажи на кои може да се капите во текот на целото лето, а постојат и оние на кои температурата на водата е толку ниска што може да се спореди со Антарктикот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.