недела, 29 ноември 2026
Најново

Доколку не се намали бројката нема да се скрати работното време само на кафеаните и моловите- еве што ќе предложи Комисијата набрзо!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Комисијата за заразни болести на редовниот состанок денеска нема донесено нови препораки во однос на понатамошно спречување на ширењето на заразата со корона вирусот во Македонија. Членовите очекуваат денеска Владата да ги усвои нивните минатонеделни препораки кои се однесуваат пред се на задолжително носење маски и на отворено, се забранува групирање на повеќе од четворица на јавни простори по 22.00 часот, како и забрана на семејни собири, всушност со оваа препорака едно семејство смее на гости да прими најмногу четворица луѓе.


-Денеска немаше ништо посебно на состанокот. Се дебатираше околу тоа од каде е толкавиот број на новозаразени, но за сега не одлучуваме за други рестриктивни мерки, освен за оние кои ги препорачавме минатата недела, а кои очекуваме денеска Владата да ги усвои. Во зависност од актуелната состојба и епидемиолошката слика на земјава, можеби ќе размислиме евентуално за намалување на работното време, но не само на кафеаните и угостителските објекти, туку скратувањето на работното време, реазмислуваме да биде за сите, и пекарници, и рестораните за брза храна, и маркети и молови. Ова би било со цел да не се чувствуваат дискриминирани едните или другите, велат денеска од Комисијата за заразни болести.
Инаку, во моментов во Македонија има 4.015 активни случаи на ковид, а изминативе денови од вкупниот број тестирани, дури 23 отсто беа позитивни.

Поврзани вести