Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Поради изведување градежни работи во с.Чајле, регионалниот пат Гостивар – с.Чегране e затворен за сообраќај, односно сообраќајот е пренасочен по алтернативни патишта.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, освен на граничниот премин Ќафасан, каде се бележи зголемена фреквенција, а задржувањата се околу 30 минути.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 02.05.2020 до 15.11.2020 е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3.5 тони.
РАБОТИ НА ПАТ:
Од 21.08.2020 година, ГД Гранит АД Скопје ќе изведува рехабилитација и реконструкција на регионален пат Р1205, делница Крупиште – Пробиштип. Поради тоа ќе се изврши измена на режимот на сообраќај, од крстосница со регионален пат Р2230, до влез во Пробиштип. Односно сообраќајот ќе се пренасочува од мостот на р.Киселица кај клучка за с. Злетово, преку с. Ратавица до Пробиштип и обратно. Од особена важност е ова преносочување да го почитуваат возачите на тешки товарни возила кои транзитираат по овој пат. Одобрението е со важност од шест месеци, односно до комплетирање на сите работи.
Поради изведување градежни работи (асфалтирање) од 19.08.2020 на регионален пат Р-2344 на делница Голозинци – Лисиче – раскрсница Дреново со Горно Врановци, во наредните 40 дена секој работен ден освен недела во период од 10 – 15 часот ќе има забрана за сообраќај за сите видови возила. Работите ќе се одвиваат до 01.10.2020 год.
ЈП Македонија Пат подружница Скопје почнувајќи од 14.08.2020 год. ќе изведува градежни работи на пат (асфалтирање) на регионален пат Р-2238 с. Галичник – Маврово. Асфалтирањето ќе се одвива во правец од с. Галичник кон Маврово. Работите ќе се одвиваат секој работен ден и за време на викенди во период од 10:00 – 16:00 часот кога сообраќајот ке биде во прекин. На место на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Заради извршување на санациско градежни работи од 28.07.2020 год, на патниот правец Неготино – Лакавица има забрана за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса надминува 3,5 тона. Се препорачува почитување на патната сигнализација за сите учесници во сообраќајот на овој патен правец.
На регионалниот пат Р-1107 Ново Лагово – Витолиште поради работи на пат (асфалтирање) сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, за што e поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој режим на сообраќај ќе биде до завршување на работите.
ГД ГРАНИТ АД СКОПЈЕ – Известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир во период од 11.05.2020 год. до 02.2022 год. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат.
Во текот на работното време регулирањето ке се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето ќе се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон Граничен премин Деве Баир).
Жикол ДООЕЛ – Струмица известува дека согласно одобрението од Министерство за транспорт и врски од 19.06.2020 г. ќе започне со градежни активности за поврзување на коловозот со нов мост на р. Пчиња на државниот пат Р2136, делница Ржаничино – Долно Коњари. Согласно основниот проект за времен режим се предвидува намалување на брзината и наизменично пропуштање на возилата во зоната на градилиштето (во населено место Долно Коњари) за време на градежните активности. Се работи од 07:00 до 17:00 часот, а потоа за во ноќни услови предвидено е ослободување на коловозната површина. Времениот режим ќе трае не подолго од три месеци сметано од 19.06.2020 г.
Виадукт трејд известува дека на ден 25.05.2020 ќе се започне со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од Државен пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, во должина од 16 км, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај,во времетраење од шест до девет месеци.
Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид км.5+861 до км.9+835 ќе има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започнува на 20.03.2020 год. и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената.
Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Г. П. Илинден – Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На регионалниот патен правец Р2431 Штип – с.Аргулица – Плачковица (детско одморалиште), на делот од крак за с. Прналија, 500 м. после аеродромот, спрема викенд населбата (28050км.), сообраќајот е во прекин поради оштетување на патот во должина од 50 м. На самото место поставена е вертикална сообраќајна сигнализација.