Доколку храната ја пржите на овој начин, тогаш барем малку ќе биде поздрава

Веројатно не постои ниту еден научник на светот кој не би се сложил со фактот дека пржената храна во масло е нездрава, но иако таквата подготовка не се препорачува, наводно постои еден трик со кој барем малку ќе биде поздрава.


Тоа и понатаму не значи дека таквата храна е здрава и дека докторите и експертите ја препорачуваат за секојдневно конзумирање, но наводно со овој трик во неа има помалку штетни материи.
Една од тие штетни материи поради кои најмногу би требало да одбегнуваме пржена храна е акриламид, хемиска спојка која настанува за време на пржењето и печењето на намирниците која содржи скроб на висока температура.
Со појавата на ова соединение, храната добива златна боја, поради кој е вкусна, но многу научници сметаат дека акриламидот е најголемата причина за појава на рак, што значи дека преработената храна се смета за помалку здрава.
За време на пржење на намирниците, не ги пржете до крај, треба да престанете со пржење пред да ја добијат смеѓата боја. Треба да ги пржете само додека ја добијат благо златната боја.
Тогаш таквата храна е помалку штетна, но тоа не значи дека треба да ја јадете чест и да ги заменете овошјето, зеленчукот, сите они намирници кои се здрави и потребни за одржување на Вашето здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.