Доколку често консумирате овошје треба да ги знаете овие 4 нешта

Овошјето во последно време неправедно започна да го бие лош глас, и тоа поради фруктозата.
Поединци веруваат дека фруктозата од овошјето предизвикува зголемено ниво на триглицериди, како и други нездрави крвни липиди, и дека на крајот доведува до болести на срцето.
Меѓутоа, вистината е дека без страв може максимално да уживате во овие природни слатки, ако ги следите овие четири правила:


Избегнувајте волк во јагнешка кожа
Во здравиот избор на овошја секако не спаѓаат намирниците како слаткиот и овошен мармалад, сувото овошје или овошните сокови. Тие изобилуваат со шеќери кои дури и не потекнуваат од овошје туку од концентрати. Сувото овошје пак е полно со хемикалии како на пример сулфур-диоксид кој служи да ја сочува бојата на овошјето и да направи тоа да биде уште повкусно. Овие и сличните нешта мора да ги третирате како слатки, бидејќи тие се повеќе слатки отколку овошје.
Избегнувајте овошје кое е полно со шеќери
Грозјето, мангото и бананите се и повеќе од вкусни, но и полни со шеќери, особено со фруктоза. Затоа, овие овошја третирајте ги како десерт, а за секојдневно консумирање можете да изберете, на пример, авокадо, маслинки или кокос (да, и тоа е овошје!) – тие се совршена комбинација од вкусни залачиња со многу влакна, а малку шеќери.


Комбинирајте го овошјето со протеини или масти
За подобро да ги апсорбирате нутритиентите, комбинирајте го овошјето со здрави масти и протеини како би го избегнале натрупувањето на шеќерите. На пример, намачкајте путер од бадеми на кришки јаболко, измешајте рака сирови бадеми со портокал или вметнете боровинки во својот јогурт.
Не наседнувајте на приказните за штетноста на овошјето
Исто така, не треба ниту секојдневно да консумирате овошје во огромни количества. Како и со сите животни навики, и тука умереноста е клуч за се. Неколку парчиња овошје кои не се преполни со шеќери ќе ви помогнат да ја внесете потребната дневна доза на нутритиенти и влакна, а притоа и ќе ве засладат со малку калории.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.