недела, 15 ноември 2026
Најново

Докторите во Канада воведуваат нови методи за лекување на депресијата и стресот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Докторите во Канада наскоро ќе можат во склоп на пилот проектот на пациентите да им препишуваат дополнителна терапија – посета во музеј.
Здружението на Франкофоновите доктори на Канада и Музејот на современи уметности во Монтреал покренале пилот проект такашто на пациентите кои боледуваат од разни физички и психички болести ќе имаат можност да почувствуваат благотворни дејства на уметноста со бесплатна посета во музеј.  
Докторите за време на прегледот и доколку тоа го сметаат за потребно ќе им препишуваат “рецепти” на пациентите за посета во музеј. Претставничката на монтреалскиот музеј, Никол Паран рекла дека уметноста може позитивно да влијае на здравјето.
Според нејзините зборови, набљудувањето на уметнички дела може позитивно да влијае на когнитивните способности на пациентите и би можело да има смирувачки ефекти во лекувањето на депресијата, стресот и анксиозноста.

Поврзани вести