Жена во областа Гвалиор во Мадја Прадеш родила девојче со четири нозе.
– ,,Девојчето е родено со четири нозе. Ембрионот се поделил на два дела и во телото се развивал на две места. Долниот дел, под половината на девојчето, има две дополнителни нозе, но тие нозе се неактивни” – изјави управителот на болничката група.
Тој додава дека педијатрите во моментов испитуваат дали има некој друг деформитет на некој дел од телото на бебето.
– ,,По прегледот, доколку се утврди дека бебето е здраво, со операција ќе се отстранат нозете за да може да води нормален живот” – изјави докторот.
Тој исто така рече дека девојчето моментално е на лекување во одделот за специјална неонатална нега на педијатриското одделение во болницата Камла Раџа.
– ,,Медицинскиот тим континуирано ја следи здравствената состојба на доенчето. Лекарите разговараат за хируршко отстранување на нејзините дополнителни нозе. Во моментов девојчето е сосема здраво” – изјави началникот.
Да потсетиме, жена од Индија, на крајот на март роди бебе со две глави, три раце и две нозе во Ратлам, исто така во Мадја Прадеш.