Докторите и` дале уште 3 години живот, а таа станува пример за тоа како треба да се ужива во животот

Таклима Јахан Ниту е 10 годишно девојче кое страда од прогерија, ретка болест. Таа е родена на 10 септември 2007 година во Хабигањ, Бангладеш. Нејзиниот татко Хасан е работник, а нејзината мајка е домаќинка. Ниту е нивното 4 – то дете од 6 деца.


Кога беше 3 месеци, нејзината мајка случајно забележала дека телото на Ниту е потврдо во споредба на другите деца на нејзина возраст и дека многу брзо и` опаѓа косата. Таа се загрижила за таа состојба и на таа тема зборувала со нејзината сосетка, која ја советувала да посети стручно лице.


Кога отишле на доктор, тој им препишал само гастрични лекови, но за жал доктор направил погрешна анализа и косата на малата Ниту и` опаднала преку ноќ откако ги испила лековите. Нејзините родители се загрижиле и веднаш ја одвеле на болница во Силет. Докторите во таа болница ја пренеле во Дака за подобар третман. Конечно, докторите заклучиле и им потврдиле на родителите дека нивната ќерка е пациент со ректа болест наречена прогерија со која телото побрзо старее. Тие ги предупредиле родителите дека за оваа болест нема лек и дека повеќето деца кои боледуваат од оваа болест не живеат повеќе од 13 години.


И покрај нејзината болест, Ниту е релативно позитивно девојче. Таа сака да си игра, а нејзината омилена играчка е куклата Барби. Сака да учи и знае добро да црта. Ниту ја прифатила вистината позитивно, а за жал општество не ја прифати Ниту поради нејзиниот поразличен физички изглед. Таа е сосема изолирана од општеството, старее брзо и ниту едно дете не сака да си игра со неа. Дури некои луѓе сметаат дека таа е проклето дете, и` се обраќаат со погрдни зборови.
Според докторите, Ниту ќе живее до својата 13 година, а овој краток живот и` е полн со навреди и одбивност. Не може да и` се помогне да живее подолго, но барем може да и` се помогне да живее подобро. Луѓето треба да ја променат својата гледна точка и да покажат поголемо внимание и грижа кон ова девојче. Токму тоа може да и` помогне да го напушти овој свет со спомени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.