Докторка од Итна помош нападната во диско во Битола

На 16.02.2020 во 10.20 часот во СВР Битола, лекарка во Итна медицинска помош пријавила дека во ноќен клуб во Битола, каде биле на интервенција по добиен повик на телефонскиот број 194, била физички нападната од едно лице.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Дознаваме дека всушност тепачката била меѓу двајца доктори, колеги, машко и женско… Докторот кој работи како психијатар во приватна пракса наводно ја нападнал дежурната докторка, која во тој момент интервенирала кај пациент.

По инцидентот двајцата доктори завршиле во Клиничката болница во Битола. Докторката била примена во одделението за максиофасцијална хирургија, а докторот во хирушкото одделение.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.