Докторка од Клиниката за кожни болести минатата недела била присутна во скопското основно училиште „Братство“ каде била задолжена на децата да им направи едукација за заштита од Корона вирусот. Оваа информација беше објавена на социјалните мрежи од страна на загрижен родител, по денешната информација во која беше потврдено присуство на вирусот кај директорката на оваа скопска клиника.
Родителот револтирано прашува дали докторите и директорката се свесни за грешката која тие ја направиле, а останати родители во коментари ја споделуваат загриженоста од овој чекор.
Фејсбук статусот го пренесуваме во целост: