Доктор во кичевската болница претепан од две лица

Доктор на Интерното одделение во кичевската болница бил нападнат од две лица. Насилниците се повикани во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-Вчера околу 13 часот, на Интерното одделение во Општата болница во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Л.Љ.(24) и А.Љ.(21), врз А.С.(35), вработен доктор  во болницата. Двајцата напаѓачи се повикани во полициската станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.