Доктор, медицинска сестра и медицински техничар од Нефрологија позитивни на коронавирусот

Доктор, медицинска сестра и медицински техничар од Универзитетската клиника за нефрологија се позитивни на ковид-19. Трите случаи не се од ист оддел на Клиниката, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Медицинската сестра, како што се посочува, е со лесни симптоми, а медицинскиот техничар е без симптоми на фебрилност и кашлица.
Еден доктор е во самоизолација во следните три дена, со потврден негативен тест за Ковид-19. Нема останат персонал кој е во самоизолација според проценка од страна на епидемиолози, нагласуваат од Министерството.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.