Доктор од Крушево и медицинска сестра од Битола починаа од ковид-19

Доктор од Крушево и медицинска сестра од Битола починаа од ковид-19

Доктор Вангел Трајчулески беше хоспитализиран десетина дена во инфективната клиника, а денеска почина.

На овој маглив декемвриски ден не изгуби само фамилија Трајчулески. Изгуби и Здравствен Дом Крушево и здравствената фела, соработник кој секогаш ни излегуваше во пресрет кога и да беше потребно. Изгубија Крушево и крушевчани неговите пациенти , доктор кој никогаш не се штедеше и даваше максимум од себе за бидат задоволни.
Тешко е да се каже збогум на човек – доктор , кој кариерата ја започна во Здравствен Дом Крушево и иако продолжи како матичен лекар сепак беше дел од нашиот колектив со сето свое знаење, квалитет , човечност и хуманост несебично ги даде на пациентите. Беспрекорен во својата работа не само сега во ова зло , туку и во целиот негов работен век , никој никогаш не врати од преглед, никогаш не повиши тон на никој, секогаш насмеан.
Се бореше за здравјето на сите пациенти давајќи максимум , но за жал не ја доби најважната битка , битката за својот живот против невидливиот непријател Ковид 19.
Почивај во мир драг докторе , и биди горд и ти и твоето семајство за сите прекрасни спомени што ги остави зад себе.
Никогаш нема да те забораваиме спец.др.Вангел Трајулески – Луше

Медицинска сестра од од хируршкото одделение на Битолската клиничка болница почина од компликации предизвикани од Ковид-19.

Како што информираат од Министерството за здравство 55-годишната жена во тешка здравствена состојба била донесена на болница, а предходно подолг период била на боледување. Таа е прва жртва на вирусот меѓу здравствените работници од Битола.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.