Д-р Фахем Јунс, инфектолог, ги разбива сите митови за коронавирусот кои што досега сме ги слушнале.
Д-р Фахем Јунс, шеф на одделението на инфективни болести на универзитетот во Мериленд, на Твитер споделил прашања кои што многумина ги мачат, а кои се поврзани со коронавирусот, но исто така и заблудите кои што секојдневно ги слушаме.
Неговиот текст ви го пренесуваме во целост:
„Слушам многу митови за Ковид-19 и би сакал да ви објаснам за што всушност станува збор“ – почнал и тргнал да ги набројува сите митови кои најчесто ги слуша.
„Коронавирусот ќе исчезне на лето“
– Тоа не е точно. Претходните епидемии немаа никакви шаблони за временски период, плус додека ние влегуваме во летото на јужната хемисфера ќе биде зима. Вирусот е глобален.
„Во текот на летото вирусот ќе се шири побрзо поради комарците“
– Ниту тоа не е точно. Инфекцијата се шири преку респираторни капки, а не по пат на крвта. Комарците нема да имаат никаква врска со тоа.
„Доколку може да го задржите здивот подолго од 10 секунди без проблем, тогаш немате Ковид-19“
– Не е точно. Поголемиот број на заболени од коронавирусот можеле да го држат здивот подолго од 10 секунди. А, многумина од повозрасните лица кои што не се заболени нема ни да можат да одговорат на таквиот предизвик.
„Бидејќи не се тестира секој на Ковид-19, би требало да донираме крв. Банката на крв ќе мора да го тестира“
– Ниту еден институт за трансфузија или пак банка за крв нема да го направи тоа. Доброволното давање крв е свето. Доколку го правите тоа, тогаш истото нека биде поради добра причина.
„Коронавирусот живее во грлото. Значи доколку пиеме доволно вода вирусот ќе премине во стомакот каде што ќе го убие киселината“
– Да, влегува низ грлото, но пенетрира во ќелиите домаќини. Не може да се “испере“. Од вишокот вода само ќе одите почесто во тоалет, ништо друго.
„Социјалното дистанцирање е претерано. Ќе видите дека вирусот нема да направи преголеми штети“
– Доколку нема значителен пораст на инфекции, значи дека социјалното дистанцирање било одлична идеја. Но, тоа не значи дека вирусот не е сериозен“
„Геловите за дезинфекција се поефикасни од миењето раце“
– Водата и сапунот всушност најдобро го отстрануваат вирусот од кожата (затоа што тој не може да продре во неа) и плус подобро ја отстрануваат прашината од рацете. Затоа не грижете се поради тоа што геловите се распродадени.
„Ковид-19 е намерно пуштен од кинеска или американска лабораторија“
– Дали навистина го мислите ова?