Доктор откри зошто нè пецка јазикот кога јадеме ананас

На TikTok ќе најдете доста интересни видеа со различна содржина. Видеото на еден доктор кој ги објаснува физичките процеси кои се случуваат додека јадеме ананас привлече големо внимание.
И додека некои луѓе чувствуваат благо пецкање кога јадат ананас, други велат дека чувствуваат жарење на јазикот, непцата и усните. Ова ги води до лажно уверување дека се алергични на ананас, а всушност причината за тоа е сосема поинаква.
Доктор Каран Раџ, кој има скоро 3 милиони обожаватели на TikTok, објаснува дека всушност ензимите се виновни за пецкањето на јазикот. Ананасот содржи бромелаин, ензим кој влијае на разградувањето на протеините. Овој ензим се користи и за омекнување на месото, односно ако го маринирате месото со ананас, тоа ќе биде полесно сварливо.

@dr.karanrPineapples #learnontiktok #schoolwithdrkaran #pineapple #food♬ Steven Universe – L.Dre


Со оглед на тоа што нашето тело е создадено од протеини, ананасот што го јадеме всушност сака да нè свари, односно разгради и тој процес почнува на нашиот јазик и во устата. Но, не се грижите, убедува докторот, штом еднаш го голтнете ананасот желудочната киселина ги уништува ензимите.
Ова сознание им дојде како шок на некои луѓе, кои велат дека сега можат да јадат ананас без да стравуваат од алергиска реакција.
„Цело време мислев дека сум алергичен“, вели еден корисник на TikTok. „Изеден од ананас“, се шегуваат други корисници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.