Доктор Шаини бара да се открие вистинскиот сторител на нападот врз него

Докторот Зекирија Шаини кој пред неколку дена беше застрелан во центарот на Куманово ги отфрла како неосновани тврдењата дека зад слуачјот стои неговата сопруга. Бара од истражните органи да го откријат вистинскиот виновник.
Шаини денеска изјави дека нема информации за мотивите и кој би можело да стои позади тоа. Рече дека нема нерасчистени сметки со никого.

Овој случај за жал се претставува со јасна намера за дискредитација на мене и моето семејство како и за создавање збунетост и заблуда во јавноста. Барам од истражните органи и апелирам до нив да се зафатат со откривање на вистинскиот осомничен за случајот, а не настанот да го прикажат како семејна расправија или недоразбирање, бидејќи доколу навистина ќе беше така како што се престасува во јавноста, јас никогаш не би продолжил да живеам заедно со мојата госпоѓа. Фала му на Бога, мојата госпоѓа заедно со нашите ќерки се живи и здрави во мојот дом во село Слупчане, рече Шаини.

Шаини беше цел на вооружен напад пред три дена во центарот на Куманово, а нападот е снимен на камера. Тој беше пренесен на Клиничкиот центар во Скопје каде во средата беше пуштен на домашно лекување.

Пронајдете не на следниве мрежи: