Доларот продолжува да паѓа

Доларот ослабе и четврта недела по ред во однос на најважните валути. Инвеститорите веруваат дека американската централна банка наскоро би можела да го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, минатата седмица паднал за 0,5 проценти, на 102,09 бодови.

Притоа доларот наспроти европската валута ослабе за 0,6 проценти, па цената на еврото достигна 1,0905 долари.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута „лизна“ за 0,5 проценти, на 132,15 јени.
Индексот на доларот ослабе и минатата седмица бидејќи инвеститорите веруваа дека циклусот на зголемување на каматата на американските централни банки е при крај.

Последните макроекономски податоци покажуваат, имено, дека растот на американската економија постепено забавува, дека инфлациските притисоци попуштаат, дека потрошувачката постепено слабее и дека пазарот за работа постепено се „лади“.
А тоа значи дека ФЕД наскоро би можел да го заврши циклусот на заострување на монетарната политика.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.