Долгот на Црна Гора се искачи на 1,7 млрд. евра

Државниот долг на Црна Гора на крајот на минатата година изнесувал 1,699 милијарди евра или 51,12 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти министерството за финансии.

Надворешниот долг изнесува 1,295 милијарди евра (38,95 отсто од БДП), а внатрешниот долг е 404,5 милиони евра (2,17 отсто од БДП).Надворешниот долг во 2012 година пораснал за 231,3 милиони евра, а внатрешниот бил намален за 19 милиони евра.
Макфакс
Државниот долг на Црна Гора на крајот на минатата година изнесувал 1,699 милијарди евра или 51

Пронајдете не на следниве мрежи: