Украина го изврши првото борбено тестирање на подобрената ракета „Долг Нептун“, чијашто претходна верзија го потона рускиот крстосувач „Москва“ во 2022 година, а сега Киев вели дека оваа ракета со долг дострел може да стигне до самата руска престолнина.
„Кориере дела сера“ наведува дека „борбеното тестирање“ било извршено на копнена цел, иако оваа украинска ракета била директно поврзана со поморската војна на секој начин, вклучително и нејзиното име.
Ова е нова верзија на ракетата Р-360 „Нептун“, која од нејзиното воведување во употреба во 2021 година е најмоќната ракета на украинските вооружени сили кои го бранат морскиот брег на земјата.
Целта на ракетата била уништување поморски цели на оддалеченост до 300 километри, а целосно е дизајниран и произведен во Украина.
Набргу по почетокот на руската инвазија во 2022 година, украинските единици кои го штитат брегот успеаја да употребат две ракети Р-360 „Нептун“ за да го потопат крстосувачот „Москва“ на 14 април истата година, гордост на силите на рускиот претседател Владимир Путин во регионот на Црното Море.
Италијанскиот весник пишува дека сега Украинците решиле да целат уште повисоко.
Соочени со ризикот да ја прекинат американската воена помош, помошниците на украинскиот претседател Володимир Зеленски одлучија да користат „домашни средства“ за да обезбедат поголема безбедност за земјата.
Иако однадвор не изгледа, „Долгиот Нептун“ драстично се разликува од едноставната ракета Р-360 „Нептун“.
Новиот проектил има дострел околу три пати поголем од основниот модел.
Според Зеленски, проектилот „Долг Нептун“ може да прелета до 1.000 километри и на тој начин да стигне дури и до Москва.
Целосно е променета и функцијата на оваа ракета, бидејќи е претворена во крстаречка ракета која се користи против цели на копно, а не на море.
Ова е можно благодарение на новиот систем за наведување и сателитската навигација што овозможува автономна контрола на ракетата во сите фази на летот.
Непосредно пред ударот, како и многу други проектили од оваа категорија, инфрацрвениот сензор ја презема контролата над проектилот.
Пронајдете не на следниве мрежи: