Утврдено е дека човекот поминува една третина од својот живот во спиење. Многумина од нас знаат колку е сонот важен за нашето здравје, но ретко кој успева редовно да отспие 8 часа, кои се оптимални за закрепнување на нашиот организам.
Кафето, енергетските пијалаци, будилниците и светлата од нашите електронски уреди се мешаат со нашиот природен циклус на спиење. Кој како спие, првенствено зависи од нашата возраст, здравјето и начинот на живот.
Се верува дека луѓето на кои им се потребни повеќе од 10 часа сон во текот на ноќта се склони кон развивање на невротични нарушувања и депресија. На оние на кои им се потребни помалку од 8 часа сон обично се амбициозни, студиозни, енергични, ефикасни и склони кон науката и креативноста како што бил Никола Тесла, за кој се верува дека спиел само два часа дневно.
Шекспир веројатно бил склон кон депресија бидејќи спиел по 12 часа дневно, додека Александар Македонски цврсто верувал во пророчките визии со тоа што имал личен толкувач на соништа, кој го водел во воените походи.
Поединечни денешни јавни личности кои се борат со несоницата се Џорџ Клуни, Џенифер Анистон, Мараја Кери, Ким Катрал, Рене Зелвегер и многу други. Тие се трудат да го елиминираат ваквиот проблем со јога, медитација и редовно вежбање.
Експертите велат дека луѓето често сонуваат како нивниот партнер е неверен, а ваквите луѓе всушност се борат со личната несигурност, како и со стравот од неверство и стравот да бидат оставени.