Дол на средба со втора делегација од ДПМНЕ: Дискутиравме за загрижувачката состојба во партијата

Претседателот на ЕПП, Жозеф Дол денеска по завршувањето на Конгресот имал средба со поранешниот заменик ген. сек. на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, поранешниот министер Никола Тодоров и исклучената пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова.
-Ги поканив да дискутираме за загрижувачката ситуација во нашата партија – членка, по санкциите преземени против оние кои го поддржаа започнувањето на процедурата за уставни измени и потребни за спроведување на Преспанскиот договор за промена на името. Сите закани мора да престанат веднаш.
Иако сум свесен за границите на овој договор – и за начинот на кој тој беше постигнат – верувам дека тој претставува важен чекор кон исполнувањето на евроатлантските аспирации на македонскиот народ. Уште поважно, отсекогаш сум бил многу јасен за фактот дека ЕПП ги поттикнува нашите партии – членки, кога се во опозиција, да продолжат да играат конструктивна улога во парламентот, со цел да ги одбранат нашите вредности и да ја направат владата одговорна за своите политики.
Сите членки на ЕПП мора целосно да ја спроведат внатрепартиската демократија, да ја почитуваат слободата на мислата и да ги бранат нашите вредности и принципи, вклучувајќи силна проевропска заложба, се вели во соопштението на Дол.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.