Домашен крем намаз од лешник и мед

Домашен крем намаз од лешник и мед.

СОСТОЈКИ:
2 мали шолји лешници
1/3 мала шолја мед
1/4 мала шолја какао
1 лажица кокосово масло
1 лажичка екстракт од ванила
1/8 лажичка хималајска сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Плехот обложете го со хартија за печење па распоредете лешници. Печете во рерна 12-15 минути.
Потоа префрлете ги топлите лешници во сад со капак, па протресете ги како би ја отстраниле лушпата. Исчистените лешници ставете ги во блендер, додавајќи растопено кокосово масло и блендирајте околу 5 минути.
Додајте мед, какао, екстракт од ванила и сол. Повторно малку блендирајте. Префрлете ја смесата во тегла и чувајте ја во фрижидер.
Уживајте!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.