Целулитот е честа појава која ги погодува поголем дел од жените, а ретки се оние среќнички кои можат да се пофалат со совршениот изглед на кожата.
Појавата на целулитот не зависи ниту од телесната тежина поради тоа што и слабите жени имаат проблем со него.
Целулитот вообичаено се појавува поради собирање на мастите, протеините и токсините кои телото не ги елиминира и на крајот тие масти се складираат во телото и се појавуваат во вид на целулит кој често знае да ј наруши самодовербата.
Јасно ни е дека целулитот не може да исчезне преку ноќ, но постојат одредени мелеми или пак пилинзи кои можат да помогнат да го регулираат тоа.
Главната состојка на овој пилинг е кафето за кое се верува дека е многу ефикасно во отстранување на овој естетски проблем.
Состојки:
– 1 шолја мелено кафе;
– 1 шолја кафеав шеќер;
– 1 поголема лажица маслиново масло.
Подготовка:
Сите состојки добро измешајте ги додека не добиете хомогена смеса, па ставете ги во стаклена тегла. Пилингот чувајте го во фрижидер и користете го двапати неделно.
Начин на примена:
Со кружни движења нанесувајте го пилингот на проблематичното место од телото (онаму каде што имате целулит), па оставете да делува околу 15 минути, а потоа измијте се со ладна вода.