Домашен пијалок за слабеење и прочистување на црниот дроб

Пред да посегнете по лекови, дајте им шанса на природните решенија. Еден од нив е домашниот пијалок направен од седум состојки.
Поради неправилна исхрана, прекумерно внесување шеќер и маснотии, црниот дроб е првиот што најмногу страда. Работата на црниот дроб е да ги обработува токсините, а кога се акумулираат премногу штетни материи, се појавуваат проблеми. Тоа е причината треба да се детоксицира телото од време на време.
Овој народен пијалок ќе го исчисти црниот дроб и ќе го снабди со вредни хранливи материи. Покрај тоа, може да го забрза метаболизмот и да поттикне губење на тежината.
Состојки:
6 лимони
3 грејпфрути
Корен од ѓумбир 9-10 см (или 5 лажици ѓумбир во прав)
4 чешниња лук
неколку лисја свежо нане
половина литар чиста врела вода
3 лажици масло од ленено семе
1 лажичка ким во прав
Подготовка: Исцедете сок од лимон и грејпфрут во една чинија. Во блендер ставете ѓумбир, лук и нане и добро изблендирајте. Процедете ја смесата, по што добиенот сок (од ѓумбир и лук) измешајте го со сокот од лимон и грејпфрут, додадете вода, ким и масло од ленено семе. Измешајте сè заедно сè додека не стане компактно.
Пијте го пијалакот на празен стомак, откако ќе се разбудите, 2-3 пати неделно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.