Во сировиот мед не постојат никакви штетни хемикалии и токму затоа тој е одличен за вашата кожа. Огромен број истражувања секојдневно ни покажуваат нови придобивки од медот, вклучувајќи ги и неговите неверојатни способности за чистење на вашата кожа, чистење на порите, заштита на кожата со помош на антиоксидансите кои ги содржи како и освежување и хидратација.
За овој едноставен рецепт потребни ви се:
1 лажичка пире од авокадо
1 лажичка полномасен јогурт
1 лажичка сиров мед
Пред да ја нанесете маската, измијте го вашето лице со топла вода и избришете го со чист пешкир. Потоа измешајте ги сите состојки во мал сад и нанесете ја мешавината врз вашето лице. Оставете ја да стои од 20 до 30 минути и потоа исплакнете.
Пронајдете не на следниве мрежи: