Домашни тиквички повкусни од купечкиот чипс: Aко ги подготвите вака, ќе бидат неодоливо крцкави!

Тиквичките се омилен летен зеленчук за многумина. Покрај тоа што се многу здрави, благодарение на нивниот неутрален вкус лесно се комбинираат со други зеленчуци, месо и млечни производи.

Постојат повеќе рецепти за подготовка на тиквички, а денес ви го претставуваме рецептот за домашен чипс.

Оние кои пробале чипс тиквички, се согласни дека тие се повкусни од купечкиот чипс, бидејќи се лесни и крцкави истовремено.
Покрај тоа, лесни се за подготовка, а со вкусот можете да си „поигрувате“, користејќи ги зачините кои најмногу ги сакате.

Состојки:
3 поголеми тиквички
60 грама брашно
Сушен зачин
Сол
Зачини: оригано, босилек, лук во прав, бибер, лута пиперка (по желба)
Масло

Подготовка
Тиквичките исчистете ги со лупалка, па исечкајте ги на тенки парчиња, наредете ги во сад, посолете ги и оставете ги да отстојат половина час. Потоа исцедете ги од водата и подгответе ги за пржење.
Во поголема кеса за замрзнување истурете го брашното, зачините од суви тревки и/или зачини по вкус, протресете, ставете ги тиквичките во кесата, а потоа врзете ја кесичката високо, блиску до врвот и добро протресете ја. Во смесата за пржење, тиквичките рамномерно ќе се премачкаат. Ставете масло во тавата и вклучете ја ринглата. Ставете тенџере во близина на тавата со масло и истурете ладна вода во него.
Пред да ги спуштите тиквичките во врелото масло, накратко ставете ги во тенџерето со ладна вода – така смесата од брашно и зачини уште подобро ќе се соедини со тенко исечканиот зеленчук. На врело масло пропржете ги тиквичките минута-две од двете страни, па извадете ги на кујнска хартија, за да се исцеди вишокот маснотии и послужете ги.
Добро одат во комбинација со ладен јогурт, цацики или пиво.

Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.