Доминик Раб, британски министер за брегзит поднесе оставка

Како што објавија британските медиуми во знак на протест заради договорот на премиерката Тереза Меј за излез од ЕУ британскиот министер за брегзит, Доминик Раб денес поднесе оставка. Тој порача дека совеста не му дозволува да го поддржи нацртот на тој договор, пренесе Би-Би-Си.
Раб дојде на местото на Дејвид Дејвис, кој исто така се повлече од функцијата заради плановите за брегизт на Тереза Меј. Двајцата се дел од групата министри кои не се согласуваат со договорот.
Претходно претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск за во недела најави вонреден самит, на кој ќе биде финализиран и формализиран договорот за излез на Велика Британија од Европската Унија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.