Пејачката Јелена Карлеуша овие денови за прв пат излезе од дома и се упати во потрага по нов дом.
Станува збор за домот на некогашната фудбалска легенда на Црвена Ѕвезда Драган Стојковиќ- Пикси. Домот во кој планираат наскоро да се преселат го посетија Калреуша и нејзината тетка Даниела, додека Душко останал надвор пред вратата.
Домот е идеален за парот бидејќи на само стотина метри има и училиште и во истиот се очекува да бидат вселени многу набрзо.
Карлеуша инаку веќе со денови не излегува од дома и е во лоша здравствена состојба откако нејзината мајка Дивна неочекувано почина на почетокот на овој месец.
Српски „Папарацо лов“ неколку денови го следеше парот, а видеото на кое е уловена пејачката е во продолжение.