Домот на Иванка Трамп и Џаред Кушнер вреден 24 милиони долари

По Њујорк и Вашингтон, семејството на постарата ќерка на поранешниот претседател на САД, среќата ја пронашло во Мајами.
Сега конечно се сместиле во неодолива куќа на крајбрежјето на Флорида.
Откако го напуштиле Вашингтон и заборавиле на животот во Белата куќа каде ги поминаа последните четири години, 39-годишната Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер со своите три деца се преселиле во Мајами.


Таму, до пронаоѓањето на нивниот совршен дом, живееле во изнајмен стан во една од најлуксузните згради во Мајами која ја дизајнирало архитектонското студио на италијанскиот архитект Антонио Ситерио, а цената на изнајмување на стан месечно изнесува околу 33.000 евра.
Парот потоа купил парцела, а нивниот дом е конечно готов.


Станува збор за 24 милиони вредна вила од 8.500 метри квадратни со шест спални соби, осум бањи, отворен простор за забава, платформа со високи куполи и теретана, додека пред домот се наоѓа огромна градина и базен.


Познато е дека Иванка е миленичката на Доналд Трамп, а тој неа ја смета за многу способна и интелигентна личност, а медиумите нивниот однос го оценуваат како преблизок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.