Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, повторно упати закана до Иран на социјалната мрежа Truth Social, најавувајќи нови напади на американската армија врз оваа земја.
Во најновата од низата закани, Трамп објави дека војската ќе го изврши нападот вечерва.
„Вечерва, САД ќе удрат многу силно врз Иран, чија морнарица, воздухопловни сили, радарски системи, воздушна одбрана и сите други форми на одбрана, заедно со поголемиот дел од неговите офанзивни капацитети, се уништени“, напиша Трамп.
На заканите, кои станаа редовна порака на американскиот претседател во последните неколку дена, тој ја додаде и најавата за преземање на островот Харк, каде што се наоѓа клучен дел од нафтената инфраструктура на Иран.
„Во не толку далечна иднина, ќе ја преземеме контролата врз островот Харк и другите клучни точки на нафтената инфраструктура и ќе воспоставиме целосна контрола врз нивните пазари на нафта и гас“, додаде тој.
Трамп го наведе примерот на Венецуела, каде што американските сили го уапсија претседателот Николас Мадуро на почетокот на јануари.
„Ќе биде слично на она што го направивме со Венецуела, што се покажа како исклучително успешно и за Венецуела и за САД“, рече Трамп, осврнувајќи се на договорите со новото раководство на земјата што им дадоа на американските компании пристап до нафтените полиња во земјата.
The post Доналд Трамп повторно му се закани на Иран: Вечерва силно ги удираме и наскоро го преземаме островот Харк appeared first on Во Центар.



