Американскиот претседател Доналд Трамп стана дедо по десетти пат. Сопругата на неговот син Ерик – Лара роди девојче.
Бебето се вика Каролина Дороти Трамп. Тоа е второ дете на двојката. Нивниот син Ерик Лук ќе наполни две години во септември.
.@LaraLeaTrump and I are excited to welcome Carolina Dorothy Trump into the world. We love you already!
— Eric Trump (@EricTrump) August 20, 2019
Трамп (73) има пет деца од три различни жени.
Ерик (35) е трето дете на Доналд Трамп. Тој е главен извршен директор заедно со брат му Доналд помладиот на главната компанија на нивниот татко.
Лара (36) е поранешен новинар и заедно со сопругот ја имаат фондацијата „Ерик Трамп“ која финансира во детски болници.