Донесен закон: Возачите со категорија „Б“ ќе можат да возат мотоцикли до 125 кубици

Собранието на Македонија, по скратена постапка, го одобри измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се дозволува управување со мотоцикли до 125 см³ со возачка дозвола од Б категорија.

По предлог на пратеникот Павле Арсоски, Собранието го разгледа законот и тој беше усвоен со 84 гласа „за“ и ниту еден „против“. По усвојувањето на седницата, Комисијата за одбрана и безбедност и Правната комисија го усвоија законот.

Според законските измени, лице кое поседува возачка дозвола од категорија Б има право да управува со мотоцикли со автоматски менувач од категорија „А1“, со максимална работна зафатнина од 125 см³ и моќност на моторот до 11 kW, при што односот на моќноста на моторот кон тежината на возачот не надминува 0,1 kW/kg. Возачот мора да има 23 години, да има најмалку 5 години возачка дозвола од категорија Б и да има завршено теоретска обука од 4 часа, важечка само на територијата на Македонија.

Сепак, ова не значи дека можете веднаш да возите мотоцикл од 125 см³ со дозвола Б, бидејќи Министерството за внатрешни работи мора да ги заврши „административните процедури“.

Министерот за внатрешни работи, во рок од 15 дена од влегувањето во сила на законот, ќе ја утврди содржината на обуката, обрасците и содржината на сертификатот, како и начинот на евидентирање на сертификатите за теоретска обука од 4 часа за управување со мотоцикли до 125 см³.

Автошколата ќе го издаде сертификатот и ќе го информира Министерството за внатрешни работи, кое ќе води посебна евиденција.За да се управува со мотоцикл од 125 см³ со дозвола од Б категорија, мора да се исполнат следниве услови: Да има најмалку 5 години дозвола од Б категорија, да има 23 години, да има завршено дополнителна обука (4 теоретски часа во автошкола).

The post Донесен закон: Возачите со категорија „Б“ ќе можат да возат мотоцикли до 125 кубици appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: