Министерот за правда на Австралија, Џејсон Клер, изјавил дека бројни спортисти од многу клубови од оваа земја користеле или сеуште користа недозволени супстанци.„Нашите сознанија се шокантни, навивачите во Австралија ќе бидат згрозени“, рекол Клер.Комисијата за борба против криминалот (ACC), во текот на едногодишната истрага во „Проектот Аперио“, пронашла докази за лажирање на натпревари и распространетоста во употребата на недозволените супстанци, меѓу кои се пептиди, хотмоните и останатите дроги. Исто така истрагата открила дека и криминални групи биле вклучени во продажбата на недозволените суспстанци.Челниците на двете најпопуларни натпреварувања во Австралија – Австралиската фудбалска лига и Државната рагби лига, објавија дека соработуваат со властите, но и дека започнале сопствени истраги.Во извештајот на ACC, се наведува дека некои тренери и членови на стручните штабови дозволувале употреба на забранетите супстанци, а „некои од нив не биле доволно тестирани, па никој не бил сигурен дали можат луѓето можат да ги употребуваат.“Државната полиција се сомнева и во недозволено обложување, откако на еден фудбалски натпревар, во локалните обложувалници биле вложени големи суми на пари.„Ова е најцрниот ден во историјата на австралискиот спорт“, рекол поранешниот директор на Австралиската антидопинг агенција, Ричард Ингс.Имињата на поединци и клубови не се објавени, но одделни докази биле проследени до австралиската државна и федерална полиција.Претседателот на Светската антидопинг агенција, Џон Фејхл, изјавил дека воопшто не е изненаден од извештајот на ACC. „Ова само покажува колкав е проблемот во земјата која се гордее со фер плејот“, рекол Фејхил.Првиот човек на Австралискиот олимписки комитет, Џон Коутс, истакнал дека долго време се борел за пошироки овластувања во истрагите кои ги спроведува антидопинг агенцијата, како и за зголемување на казните за измамниците.
МакфаксМинистерот за правда на Австралија, Џејсон Клер, изјавил дека бројни спортисти од многу клубови од оваа земја користеле или сеуште користа