На денешната 109-та седница Владата на Р. Македонија го усвои Дополнетиот Предлог-буџет на Република Македонија за 2019. година. Буџетот е усогласен соодветно на амандманите што произлегоа од расправата за буџетот во Собранието.
Согласно амандманите предложени од владејачкото мнозинство и од опозицијата во собраниската амандманска расправа, во Предлог-буџетот за 2019. година се направени дополнувања на буџетски износи во програмите за заштита на животната средина, со фокус на мерките за почист воздух, на локалната инфраструктура и на програмите за развој на планските региони, како и на зголемување на буџетската поддршка за работата на дел од министерствата, агенциите, управите и други органи на државната управа, соопшти владината прес-служба.
Соодветни интервенции по собраниската амандманска расправа за дополнителни буџетски износи се направени и за дел програмите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. На денешната седница на Владата се утврдени и насоките за нивелирање на платите во културата за што активностите треба да започнат од јануари 2019. година, согласно буџетската динамика во претстојната година.
Вкупните приходи на буџетот на Република Македонија за 2019 година се планираат на ниво од 210,8 милијарди денари, а расходите се планирани на ниво од 228,5 милијарди денари. Вака планираните приходи и расходи резултираат со намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,5% од БДП или 17,7 милијарди денари во апсолутен износ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.