Допрва ќе видиме што се крие Преспанскиот договор

Во интервју за “Пресинг“ ТВ професоката од Правниот факултет на УКИМ, Гордана Силјановска Давкова истакнува дека постапката со референдумот е “правен вампиризам“, а одлуката за почеток на уставни промени е без правен основ.
Професорката Силјановска додава дека наскоро се очекува да ги видиме шоковите кои се сокриени во Преспанскиот договор, а како еден од нив наведува – е тој што „покраината Македонија во Грција веќе го прогласи Солун како главен град на Македонија“ и тоа пред странски гости и притоа истакна дека ние ќе го изгубиме најважното – придавката македонски.
Силјановска вели дека ако досега нејзини колеги мислеле дека Македонија е слаба држава, сега некои од активностите што се случуваат наведуваат на заклучок дека „се работи за пропадната држава, или за држава во распаѓање“.
За предистражната постапка, пак, која Основното јавно обвинителство ја спроведува против претседателот на државата и врховен командант на оружените сили, таа потенцира дека „само Уставниот суд може да ја оценува работата на претседателот на државата врз основа на импичмент“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.