четврток, 12 ноември 2026
Најново

ПРИГОЖИН: Досега ќе го заземевме Бахмут

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Шефот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин, денеска изјави дека градот Бахмут нема да биде освоен пред март или април.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„За да го освоите Бахмут треба да ги пресечете сите патишта за снабдување. Мислам дека ќе го земевме Бахмут да не беше оваа монструозна воена бирократија, која не би нѐ сопнувала секој ден“, истакна Пригожин на видео-снимка објавена на „Телеграм ВарГонцо“ (Telegram WarGonzo).

Бахмут е епицентар на борбите во источна Украина, а Вагнер со месеци се обидува да го заземе градот и регрутираше голем број затвореници.

Пригожин на 9 февруари изјави дека ова регрутирање престанало и дека не крие дека е во конфликт со руската воена хиерархија.

Поврзани вести