Доставен извод од катастарот дека Чавков не поседува вила на Халкидики, правдата ќе се бара во Стразбур

Адвокатот на осудениот поранешен директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков, Сашко Дуковски, до судот достави извод од катастарот на Халкидики. Со него се потврдува дека Чавков не поседува „ни вила, ни гулабарник, ни трло“ во Халкидики, што беше една од основите за определување на казната за Чавков, вели Дуковски.
Адвокатот е сигурен дека судот ќе ја одбие жалбата на Чавков, но нагласи дека предметот ќе заврши во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.