Доста беше спиење на стомак: Прочитајте зошто тоа не е добро за вашето здравје

Можеби не сте го знаеле ова, но време е да дознаете, положбата за спиење има влијание врз варењето и на начинот како вашето тело се справува со болка.
Таа е важна за вашето здравје, бидејќи влијае на сè, од мозокот до цревото. Познато е колку спиење е доволно, а колку е премногу, но треба да се запрашате и што не е во ред за време на спиењето, ако секое утро сте уморни по будењето.
Спиењето на стомакот никогаш не се советува, бидејќи не ја поддржува природна кривина на ‘рбетот, што доведува до преоптоварување. Тоа создава притисок врз зглобовите и мускулите, што може да доведе до болка, вкочанетост и чувство на трнење.

„Го принудуваме вратот да биде во ротирачка, затворена, цврста позиција, која исто така го загрозува дишењето и циркулацијата”, вели физиотерапевтката Вивијан Ајзенштат.
Може да биде корисно за оние кои имаат кашлица, бидејќи помага да се отворат дишните патишта. Сепак, главата свртена долго време на една страна, може да доведе до болка. Оваа позиција, исто така, треба да се избегнува од оние кои страдаат од болка во вратот или грбот.
Најздраво е спиењето на левата страна. Положбата на спиење влијае на работата на цревата. Со спиење на левата страна треба да се почне, за да се спречи желудечната киселина и да овозможи движење на дебелото црево. Но, ако имате болка во рамената, менувајте ги страните на спиење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.